Александар Стојкоски од ВМРО-ДПМНЕ е нов градоначалник на Ѓорче Петров

На денешната пресконференција на ДИК, Даштевски соопшти дека нов градоначалник на Ѓорче Петров е Александар Стојкоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите кои ги сподели претседателот на ДИК, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров, Александар Стојкоски освои 9.215 гласови, додека второ пласираниот Александар Наумоски од СДСМ освои 6.165 глас.

Па според овие информации Општина Ѓорче Петров доби градоначалник уште во првиот круг од овие локални избори.