Александар Стефанов е новиот претседател на РФМ

Александар Стефанов е новиот претседател на Ракометната Федерација на Македонија. Тој на ова место доаѓа на местото на Живко Мукаетов кој на оваа позиција беше 12 години.

На Изборното Собрание беа присутни 48 делегати од вкупно 51. На претседателската функција дојде со акламација.

Стефанов доаѓа од тимот на Бутел Скопје, а некое време беше дел од Управниот одбор на РФМ, па имаше шанса од лице место да учи од најуспешниот претседател на Ракометната федерација, Мукаетов.

Стефанов ќе наследи федерација во која стандардите се поставени на високо ниво, негова задача ќе биде истите да ги задржи и да успее да го продолжи трендот на редовни учества на Македонија на големите натпреварувања, како и да се погрижи ракометот да остане спорт број еден.

Стефанов кој е поранешен ракометар, по професија е правник, и е дел од Управниот Одбор на Фабрика Карпош.