Александар Наумоски нов директор на истражниот затвор во Шутка

Александар Наумоски е нов директор на затворот Скопје во населбата Шуто Оризари.Тој функцијата ја презеде денеска, а доаѓа на местото на Александар Ѓеорѓиевски.

Наумоски е правник по професија, односно магистер по уставно право – човекови права и поранешен соработник во Бирото за застапување на РМ пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Инаку тој е син на поранешниот претседател на Уставен суд, Бранко Наумоски.