Александар Митевски, Дани и Миле Кузмановски ќе ги забавува жителите на Кисела Вода

Во рамки на културното лето на Општина Кисела Вода “Три круши 2018”, неделава следуваат три концертни вечери.

Посетителите на локалитетот Три круши, во четврток  ќе имаат можност да се забавуваат со хитовите на Александар Митевски, а по неговиот концерт, со ДЈ сет ќе продолжи DJ FICHO.

Дани Димитровска со својот бенд ќе настапи во петок, а целовечерен концерт, во сабота ќе има и Миле Кузмановски. Сите концерти започнуваат во 20 00 часот, а влезот е бесплатен.