Александар Костоски се повлекува од репрезентацијата на Македонија

Стартниот репрезентативен плејмејкер Александар Костоски нема да биде дел од националната селекција на Македонија на претстојниот претквалификациски дуел со Романија (четврток), но најверојатно и на ниту еден друг меч на жолто-црвените во иднина.

Според информацијата од репрезентативниот табор, искусниот бек донел одлука да ја заврши репрезентативната кариера за што веќе го известил и стручниот штаб.