
Александар Јорданов, „Хепи енд бенд“ и „Либеро бенд“ денеска ќе го отворат јубилејното 15. издание на фестивалот на виното „ВИНОСКОП 2026“ во градскиот парк, на познатата локација „Школка“.
Скопјани до недела ќе имаат место за добра енергија, врвно македонско вино, богата гастрономија и квалитетна музика.

Посетителите ќе имаат можност да дегустираат различни видови вина од бројни македонски винарии и производители на квалитетно македонско вино, претставени на фестивалските штандови.
Покрај винската понуда, „ВИНОСКОП 2026“ ќе понуди и богата гастрономска содржина, како и разновидна музичко-забавна програма со домашни изведувачи, бендови и диџеи.
Програмата започнува во 18:00 часот во среда и четврток, во 17:00 часот во петок, а во сабота и недела ќе започне од 12:00 часот.
Годинава фестивалот ќе понуди и тематски музички вечери, како и дневна програма под концептот „Блуз и вино“, создадена за сите љубители на добриот звук, убавата дружба и автентичниот вкус.
- Преку „ВИНОСКОП“, Град Скопје продолжува да ги поддржува и промовира македонските производители на вино, богатата винска традиција и потенцијалот на нашето поднебје за развој на квалитетен вински туризам. Ве покануваме да бидете дел од „ВИНОСКОП 2026“ - пет дена исполнети со вино, музика, гастрономија и незаборавна дружба во срцето на Скопје, стои во поканата од Град Скопје кои с епокровители на фестивалот.