Албански народен правобранител побара укинување на одлуката за карантин за Македонците

Омбудсманот во Албанија бара да се укине карантинот за граѓаните од Македонија и од Грција. 

Тој побара поништување на одлуката за задолжителен двонеделен карантин за лицата кои влегуваат од Северна Македонија и од Грција. Наведува при тоа дека тоа го спречува остварувањето на нивното уставно право на глас.

Како што се наведува во жалбата, оваа предложена мерка го попречува и всушност го негира правото на глас на оние емигранти кои сакаат да го искористат ова основно право на општите парламентарни избори, кои ќе се одржат на 25 април. 

Оваа предложена мерка се смета за дискриминаторски третман кон нив, затоа што на албанските емигранти кои живеат во други земји им е дозволено да влезат во Албанија без да бидат ставени во карантин, додека на албанските емигранти во Грција не.

За истото се побуни и претседателот Илир Мета, кој одлуката ја смета за сериозен неуставен акт за спречување на албанските емигранти да учествуваат на изборите.
Укинување на одлуката, под итно, побараа и лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција и пратеник во албанскиот парламент, Васил Стерјовски, како и Македонското друштво „Илинден“-Тирана, кои одлуката ја оценија како избрзана и погрешна. Тие веалт дека одлуката економски ги погодува жителите кои живеат на албанско-македонската граница од Преспа до Голо Брдo, кои, основната егзистенција ја обезбедуваат со сезонска работа и други активности во пограничните региони на Македонија.