Албанија примамлива за одмор – најевтино во регионот, еве како се движат цените во моментов таму

Албанија од година на година станува се повеќе примамлива за Македонците. И од туристичките агенции го потврдуваат истото. Ниските цени и тиркизното море си го прават своето.

Најексклузивнo место за одмор е Саранда, каде што цената на комплетен пакет со превоз и полн пансион за шест дена се движи од 275 евра во јули до 225 Евра во првата половина на септември. 

Тука се и познатите Валона и Велипоја. Во Албанија од година во година се повеќе и повеќе се инвестира во крајбрежниот туризам, а со тоа се зголемува и интересот кај туристите,а цените се сосема прифатливи. 

Во однос на Грција, цените на пијалоци, кафе и храна во ресторанитесе поевтини и до 30 проценти. Најголем дел од странските туристи во Албанија се од Романија, Германија и Франција. 

Пица за четири ќофтиња за 1,5 евра. Комуникацијата функционира на англиски јазик, иако многу од нив знаат и италијански и српски јазик. Секоја година се отвораат по неколку нови хотели. Цената на пивото во ресторан, во зависност од видот се движи од 1,5 до две евра. Кафе на плажа чини едно евро, пица 3-4 евра, сладолед чини едно евро, а 10 говедски ќебапи чинат 1,5 евра. 

Цените за приватно сместување во двокреветна соба се движат од 17 до 25 евра.