Албанец баран од Интерпол уапсен на „Богородица“

МВР денеска соопшти дека синоќа во 18:50 часот на граничниот премин „Богородица“, полициски службеници го привеле Т.Г.(37) од Република Албанија.

Уапсен е бидејќи се наоѓа на листата со мерка „Апси“, по меѓународна потрага од Интерпол.

Тој бил предаден во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.