Аквапаркот во ,,Борис Трајковски” со нов лик и нова опрема

Спортскиот центар ,,Борис Трајковски” информира дека во изминатиов период интензивно се работи на подобрување на услугите во сите објекти во центарот.

,,Во ВИП-базенот се санираше кровната конструкција, се изврши реконструкција на електроинсталацијата и подобрување на осветлувањето, ВИП-аквапаркот доби нов лик со комплетно нова опрема, отворен е третиот шанк, зголемен е бројот на лежалки, има и многу други мали новитети за целосно опуштање и забава на целото семејство.
Во моментов се завршува реновирањето на соблекувалните во ВИП-арената  коишто добија сосема нов и модерен лик, од кои едната е ВИП-соблекувална и истата е во завршна фаза од реновирање”, се вели во соопштението.

Исто така, забрзано се работи на обезбедување услови за монтирање на новиот централен семафор во ВИП-арената, којшто се надеваме дека ќе биде поставен до почетокот на Лигата на шампионите во ракомет во септември. Тоа ќе биде првиот семафор во Македонија од таков тип. Во план е средување на озвучувањето и осветлувањето, трибините, позиции за новинарите и многу други работи со коишто СЦ ,,Борис Трајковски” ќе продолжи да биде најрепрезентативниот спортски објект во Република Македонија.