Аква пилатес новитет во СЦ „Борис Трајковски“

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ од денес на своите посетители им нуди уште една содржина, а тоа е Аква пилатесот.

Сите оние кои ќе сакаат да вежбаат Аква пилатес, ќе можат да го сторат тоа во текот на летниот период во Вип Аква паркот при СЦ „Борис Трајковски“, во вторник и четврток со почеток во 19:30 се до крајот на летото, додека пак во текот на зимскиот период односно од септември па се до јуни тренинзите ќе се одржуваат во Вип Базенот во центарот.

– На наша драга волја доколку има преголема заинтересираност ќе отвориме можност за тренинзи и другите денови од неделата. Нашиот најголем подарок за нашите верни посетители во текот на летото ќе биде можноста бесплатно да може да вежбаат Аква пилатес, по принципот Прв пријавен – прв услужен, изјави Златко Перински, директор на спортскиот центар.

Аква пилатесот ќе биде достапен за сите граѓани кои имаат навршено 18 години. Целта на Аква пилатесот е зајакнување на физичката подготвеност и покревање на повисоко ниво на функционалност на мускулите и телото. Препорачлива дисциплина е за спортистите и зајакнувањето на нивната подготвеност, за лицата кои имаат потреба од рехабилитација од било каков вид, но и за сите оние кои сакаат да се во одлична форма и физичка сила. Вежбите се изведуваат на подлоги кои стојат на површината на водата.

Часовите ќе бидат изведувани од лиценцираниот фитнес инструктор Ивица Митов.