АКУД „Мирче Ацев“ – Скопје го најавува Меѓународниот студентски фолклорен фестивал

Од 23-ти до 28- ми август 2018 година во организација на АКУД „Мирче Ацев“ – Скопје ќе се одржи Меѓународниот студентски фолклорен фестивал.

Овој фолклорен фестивал се одржува од далечната 1967 година како израз на благодарност на земјите кои помогнаа во изградбата на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

Фестивал уште се нарекува и фестивал на солидарноста. Скопските студенти го иницираа организирањето на фестивалот кој се одржува и ден денес.

И оваа година организаторите имаат богата петдневна програма за сите учесници.

Инаку, покровители на фестивалот се Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Министерството за култура, Општина Карпош, Општина Гази Баба и Општина Велес.

Програмата ја гледате во продолжение: