Активности за одржување на атмосферската и фекалната канализациона мрежа во градот

Екипите на сектор Канализација при ЈП Водовод и канализација - Скопје и во текот на изминатите денови спроведоа активности за расчистување на сливниците и шахтите на главните и споредни улици на територија на град Скопје, но и активности за одзатнување на шахти по повик на корисници.

- Во согласност со состојбите на терен, ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до сите корисници на услугите на претпријатието, односно на канализацискиот систем, во него да не одлагаат отпадни материјали кои не се подлежни на разложување (како влажни марамици, најлони…), предмети од домаќинствaта и кабаст отпад, со цел заштита на системот, негова нормална функционалност, превенција од затнување и излевање на отпадната вода, што како таква негативно се одразува на санитарната и здравствена заштита, како и заштитата на животната средина од загадување, велат од претпријатието.

Редовните и вонредни активности се спроведуваат со цел одржување и нормална функционалност на атмосферската и фекалната канализациона мрежа во градот.