Активни три пожари утрово во државата

Центарот за управување со кризи информира дека до 07:30 часот утрово регистрирани биле вкупно 31 пожар на отворен простор од кои три се активни, а четири се под контрола.

Активни се пожарите меѓу селата Буринец – Локов – Селце – Елевци во општина Струга, кај селото Белица во општина Македонски Брод и кај селото Брест во општина Чучер-Сандево.

Под контрола се пожарите кај селото Бенче во општина Македонски Брод, кај селото Тајмиште во општина Кичево, кај селото Грачани во општина Ѓорче Петров и во Делчево каде гори дива депонија.