Aктивистката Моника Ристеска повторно приведена - ноќта ја помина во полициска станица

Активистката Моника Ристеска ноќта ја помине во полициската станица во Автокоманда, по барање на јавен обвинител од скопското обвинителство, oбјави Здружението за канабис и зелени политики „Билка“. Ова следува откако претходно полиција од Оделот за недозволена трговија и шверц на дрога изврши претрес во нејзиниот дом.

Денеска околу пладне Моника и уште едно лице се очекува да бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1, каде што треба да бидат предложени мерките за обезбедување присуство.

Ристеска е еден од најактивните активисти за легализација на канабисот и негова широка употреба во медицината. Активистката беше приведена бидејќи на јавно место пушеше марихуана, а потоа беше пуштена.