
Зимската служба на Општина Гази Баба е активирана од раните утрински часови и превентивно делува на сите сообраќајници и пешачки површини, со цел да се обезбеди безбедно и непречено движење на возилата и пешаците, информираа утрово од општината.
Согласно оперативниот план, приоритетно се третира критичната инфраструктура –училишта, градинки и други јавни установи.
- Општина Гази Баба континуирано ја следи состојбата на терен и е подготвена навремено да интервенира со сите расположливи ресурси. Апел до граѓаните, управителите на згради и деловните субјекти да ја почитуваат законската обврска и навремено да ги исчистат снегот и мразот пред своите објекти и влезови, за заеднички да придонесеме кон поголема безбедност и непречено движење, се наведува во соопштението од локалната сампоуправа.