Актерската школа на Весна Петрушевска врши упис на нови членови

Актерската школа на Весна Петрушевска, познатата македонска актерка и водителка, врши упис на нови членови. 

-Вашите деца имаат можност да бидат дел од магијата на театарот, сцената, филмот! Учениците на нашата школа со многу вложен труд се дел од многу нови проекти, токму затоа исконтактирајте не и дознајте повеќе информации за предавањата по актерска игра, велат оттаму. 

Предавањата се одржуваат од страна на Весна Петрушевска во простор кој овозможува одржување на дистанца и спроведување на сите безбедносни протоколи!

Предавањата почнуваат на 10. јануари, а се изучува актерска игра, литературно говорење и дикција. Школата се наоѓа во центарот на Скопје.