Актерката Стојановска ослободена од вина за шверц на дрога

Актерката Силвија Стојановска по речиси пет години, откако почна судскиот процес против неа за шверц на дрога, е ослободена од вина.

Апелациониот суд ја одби жалбата на Основното јавно обвинителство и ја потврди ослободителната пресуда за Стојановска.

- Долгогодишниот стрес ми го наруши здравјето. Искрено, не можам ниту да се израдува како што треба. Се чувствувам како издишан балон, кажа Стојановска за „Фокус“.