Актерката Магдалена Ризова Черних е назначена за нов в.д. директор на Театар Комедија, откако беше разрешена Нора Шакири Марковиќ.
Како што дознава МКД.мк, разрешувањето на Шакири Марковиќ е потврдено и од Министерството за култура.
Таа била затекната како врши мобинг врз вработени. Од друга страна, Шакири Марковиќ изјави дека дури и во пандемиски услови, театарот работи со полна пареа и има претстави на сцената.