Ако жената ја има оваа особина, мажите потполно ќе полудат за неа

Рускиот психолог Михаил Лабковски истакнува дека самопочитувањето е темел на човечкото постоење. Од него зависат многу фактори како што се среќа и љубов, успех во кариерата и квалитетот на самиот живот.

Тој напоменува дека постои голема заблуда дека успешните луѓе имаат голема самодоверба и самопочитување, поточно, обратно е – самопочитувањето и правилното прифаќање се патот до успехот!

„Самопочитувањето надополнува сѐ: ако нема посебна убавина, образование и талент, но човекот бескрајно се сака себе и не се сомнева (и потполно со право) во својата единственост и шарм, сигурно ќе биде посреќен и попаметен, поубав, дури и побогат. Високото самопочитување победува сѐ!“

Михаил Лабовски тоа го објаснил на следниот начин:

„Драги девојки, често прашувате зошто самодовербата е поважна од убавината и како влијае на односите со спротивниот пол. Ви кажувам – жената со самодоверба многу се сака. Таа е добра. Комуникацијата со неа тече лесно. Таквата жена остава впечаток дека може и дека знае сѐ. Држењето, смирените гестови, самоуверениот говор – можете, секако, да се обидете да го имитирате ова, но комплексите, ако ги има, сепак ќе се појават порано или подоцна. Ако сте навистина сигурни во себе, ќе можете да ги импресионирате другите само со своето однесување. Друго, ако сте навистина сигурни во себе, присуството или отсуството на маж во вашата близина на ниеден начин нема да влијае на вашиот живот. Ако сте сами, во ред е – животот не застанува туака. Често, сомнежот во себе жените го изразуваат со фактот дека се плаѓат да бидат сами, односно имаат потреба да бидат со некој и да се чувствуваат сакано и посакувано. Трето, жената со голема самодоверба ги привлекува истите мажи – силни и полни со самодоверба. Мажите со ниска самодоверба, несигурни во себе и со комплекси за неа не се интересни.“

Љубовта, кариерата и многу други аспекти во животот се прекрсни, но најважно е како се чувствуваме. Бидете подготвени да се потрудите да го промените својот внатрешен свет и да се сакате себе. Штом ќе успеете во тоа, сѐ останато ќе поприми свој совршен облик и ќе добие смисла.

Лабовски истакнал: „На крајот на краиштата, сакајте се себе си. Вежбајте го ова, одобрувајте си ги работите и луѓето кои ве прават среќни, ве исполнуваат и ве хранат духовно, простете си, исполнувајте си ги вашите желби и потреби и не се споредувајте со никого. Никогаш.“