Ако ви е важна некоја личност, бидете покрај неа

Ако се грижите за некого, тој/таа нека бидат ваш приоритет. Во денешното брзо и модерно живеење, нашите животи не се лесно и тешко е да се одредат приоритети, но ако некој ни значи, тоа воопшто не е лесно. Бидете тука за  нив кога ќе бидете потребни, покажете им дека ви значат. Бидете покрај нив, не поради тоа што мислите дека морате да бидете, бидејќи сакате, бидејќи го заслужуваат тоа.

Лесно е да се сака некоја личност кога е среќна и расположена, кога е совршена, но најголема љубов треба да им дадеме кога мислат дека светот е против нив, кога паѓаат на дното, или кога некој ги повредува.

Ако ви значи некоја личност, оставете го телефонот на страна. Седнете спроти нив на кафе или вечера и ислушајте ги. Дајте им простор да се искажат, ислушајте ги, зборувајте за себе. Направете го тоа време квалитетно, како да сте единствените две личности на светот. Поврзете се со нив. Ако се грижите за некого, поврзете. Не дозволувајте да бидете преоптеретени со нотификациите на вашиот телефон, со другите луѓе. Не зборувајте за времето, за монотоните муабети за кои сите зборуваат. Прашајте ги како се, кажете им како сте. Дебатирајте ги со нив. Прашајте ги што сонувале. Научете ги на нешто ново. Седнете со нив и смејте се со нив. бидете присутни, не само со телото, туку и со умот.

Ако се грижите за некого, покажете им го тоа. Секогаш потсетувајте ги  колку ги сакате и цените. Секогаш штитете ги од останатите кои сакаат да им нанесат зло. Не оставајте ги работите само на празни зборови. Тие не ги заслужуваат вашите празни зборови. Ако ви значат, тие заслужуваат многу повеќе.

Ако се грижите за некого, ако навистина се грижите, бидете до нив. Премногу луѓе денес себично се однесувате со другите луѓе. Ги земаат нивните срца и потоа ги уништуваат. Тие земаат и земаат и земаат, а не даваат ништо за возврат. Не бидете таква личност, ако ви значи некој. Не ја сведувајте љубовта на минимум.

Ако сакате некого, застанете позади тоа. бидете искрени со нив. Избирајте ги секој ден, а ако не можете, пуштете ги да си одат. Дозволете им да бидат сакани од друга личност.