Ако ве касне улично куче, град Скопје ќе ви плати 1.000-3.000 евра

Во случај да ве касне улично куче, може да барате оштета од Град Скопје и „Комунална хигиена".

Висината на оштетата се движи меѓу 60.000 и 180.000 денари, во зависност од возраста, степенот на повредите, последиците од нанесените повреди.

Тужбите се засновани врз основа на член 10 од Законот за Град Скопје и член 28 од Законот за заштита и благосостојба на животните.

Инаку, се почесто се регистрирани случаи на нападнати и каснати минувачи од страна на бездомните кучиња по скопските улици.