Ако вашите партнери ги прават овие четири работи – заминете си веднаш

Овие знаци ви даваат зелено светло за да си заминете, дури и ако не сте 100 посто сигурни дека ја правите вистинската работа. Ова е кратко четиво, но брутално искрено. Ако се препознаете во овие четири точки, престанете да се залажувате дека ќе биде подобро. 

Партнерот е насилен

Дури и ако не ве повредил физички, насилен партнер е насилен партнер. Честото дерење, правење драматични сцени, дури и во јавност, фрлање и кршење работи и слично – тоа дефинитивно не е личност со која треба да бидете до крајот на животот. 

Партнерот е неверен

Некои ќе кажат дека има парови кои успеале да надминат и вакви кризи. Да, постојат такви парови. Но, чинот на изневерување укажува на непочитување и губење на довербата, без кои една здрава врска не може да преживее.

Партнерот има сериозни пороци

Некои ќе кажат: „Па и пушењето е порок“. Да, но има разлика од пушење цигари до сериозно коцкање и алкохолизам или дрога.

Партнерот е манипулатор

Доколку партнерот постојано се труди да ве промени, тој всушност манипулира со вас и вашите чувства. Не би требало да се менувате за никого, освен за себеси. Секогаш бидете она што сте.