Ако треба со жив штит ќе го браниме знакот „❤️ Кисела Вода“, велат жителите

Знакот „Кисела Вода“, односно неговото поставување и веднаш рушење предизвика лавина од реакции.

Жителите на оваа скопска општина го искажаа својот револт бидејќи како што велат овој знак, по примерот на голем број европски градови, ќе ја разубавува општината, но за жал, тој веднаш беше отстранет.

Светлечката табла е на барање на самите граѓани и како што информираше градоначалникот на Кисела Вода е финансирана со средства од граѓаните. Но, по налог на Град Скопје истата беше отстранета.

Жителите се навистина револтирани што може да се воочи од нивните реакции на социјалните мрежи.

-Каква деструктивност просто да не ти се верува.

-Тажна Македонијо Кога некој работи зашто работи-руши го, ете тоа сме ние...

-Кога некој не е способен за да реализира било какви проекти од ветеното и малите нешта му сметаат... па наместо модерен град, сака да тапкаме во место!

-Ај што потрошиле пари да го направат и постават, сега пари се трошат и да го извадат.

-Ќе го вратиме натписот, макар со жив штит го бранеле!

-Браво Орце, нека учат од тебе што значи да си лидер,што значи да си градоначалник и што значи секогаш да си на страната на граѓаните...Ваков човек како тебе одамна и требаше на Кисела Вода.

-Вадењето на таблата од страна на Данела е знак на немоќ и слабост. Ние сме жители на Кисела вода и се што се прави во нашата општина е за наше добро.

-Да изградеше нешто наместо да руши!? Прогамата за модерно Скопје ја нема прочитано, а камо ли да ја реализира!