Ако сушите облека во домот тогаш мора да го знаете ова

На сите ни се случилo да ставиме облека на парното со цел побрзо да ни се исуши. Дали тоа е добра идеја?

Многумина во текот на зимата облеката ја сушат во домот, најчесто на парното. Но, сушењето на облеката во затворен простор ја зголемува количината на влага во воздухот за 30 проценти. Со тоа се создаваат идеални услови за развој на габи, особено на габата Aspergillus fumigatus, која многу лесно се вдишува и на тој начин се внесува во организмот.

Оваа габа обично не е опасна за здравите луѓе, но кај оние со слаб имунитет може да предизвика воспаление на белите дробови.

Освен тоа, за здравјето на сите нас не е добро да се вдишува влагата во која се наоѓаат хемикалии од детергенти и омекнувачи, кои во мали количини и по перењето остануваат на облеката.

Најдобриот и најздрав начин за сушење на облеката е надвор на отворено, особено во пролетните и летните месеци, бидејќи меѓу останатото, ултравиолетовите зраци ги убиваат микробите и бактериите. Сушењето на облеката надвор се препорачува и во зима и покрај ниските температури, а добро решение е и машината за сушење алишта.