Ако сум лута, не значи дека не те сакам

Ако сум ти лута, не значи дека не те сакам. Всушност тоа значи дека те чувствувам многу близок и важен.
Ако сум ти лута, тоа не значи дека сакам да ја прекинам врската. Тоа значи дека сакам да навлезам во сржта на проблемот и да ги разјаснам работите.
Ако сум лута, тоа не значи дека не можеш да разговараш со мене.
Кога сум лута, моите мисли се појасни, а моите намери се полесни за сфаќање.
Ако сум лута, не значи дека сакам да те повредам. Тоа значи дека сакам со тебе да поразговарам на некои потешки теми.
Ако сум лута, тоа не значи дека ти си лоша личност. Тоа значи дека си направил нешто што не ми се допаѓа и тоа јасно сум ти го ставила до знаење.
Ако сум лута, тоа не значи ниту дека јас сум лоша личност. Тоа значи дека знам до каде се границите на мојата толеранција. Тоа значи и дека знам што сакам од животот.
Ако сум лута не значи дека уште повеќе ќе се налутам. Тоа значи дека ќе престанам да се лутам кога ќе ме сослушаш и сфатиш.
Ако сум лута не значи дека не те почитувам. Тоа значи дека можам да ги толерирам твоите негативни карактеристики. Тоа значи дека се обидувам да ги најдам зборовите и делата кои најточно ќе го искажат тоа што го чувствувам без да те навредам во процесот.
Ако викам, тоа е поради тоа што чувствувам повеќе различни силни чувства, а не затоа што сакам да те понижам.
Ако викам додека си во собата, тоа не значи дека тебе ти се дерам.
Ако седам налутена покрај тебе, тоа не значи дека тебе ти се лутам.
Ако сум лута, тоа не значи дека ќе бидам агресивна. Понекогаш доволно е да ја исфрлам лутината од мене за да се смирам.
Ако сум лута, не значи дека немам други чувства за тебе. Ако сум лута, не значи дека не сум благодарна.
Ако сум  лута, не значи дека сакам да престанеш да го правиш тоа што ме налутило. Тоа не значи и дека очекувам да го промениш твоето однесување.
Ако сум лута, тоа не значи дека нешто погрешно си направил и дека треба да се извиниш. Ако сум лута, не значи дека те осудувам тебе и твоите постапки.
Ако во тој момент сум лута, не значи дека засекогаш ќе бидам лута. Тоа е нешто привремено, исто како што сите луѓе поминуваат низ различни расположенија.
Ако сум лута, не значи дека сум лошо воспитана. Тоа значи дека ги слушам своите чувства и дека знам што сакам.
Ако сум лута, тоа не значи дека не можам да ги совладам своите чувства и дека не можам повторно да те прегрнам. Ако сум лута, тоа само значи дека сум човек.
Ако сум лута, тоа не значи дека не те сакам.