Ако сум добар, не значи дека сум глуп

Кога човек е добар, значи е глуп па го користат. Но, тоа е далеку од вистината.

Секогаш се наоѓа некој кој ќе те гази, притиска, гуши  и кој се труди од тебе да го исцеди и последниот атом енергија.Но, добрината без интелигенција не е добрина.

Насмевката е таа која секогаш ќе ви помогне кога ќе сфатите дека некој ја користи вашата добрина, на таквите дајте им до знаење дека ја сфаќате нивната игра, покажете им дека не може да ве вртат околу мал прст.

Покажете им дека лесно можете да се завртите и да си отидете и дека единствена личност која може да изгуби од тоа се оние кои ве изневериле.Не се откажувајте од вашите идеали.

Не дозволувајте никој да ве гази, но и вие не се обидувајте да ги газите другите. Таа рамнотежа е мудроста на животот.