Ако стигнеме до плеј-оф во ЛШ, мора да имаме стадион со ВАР систем!

Шкендија, Вардар или некој друг тим кој ќе ја претставува Македонија следното лето во квалификациите во ЛШ ќе мора да се замисли, пренесува sportmedia.mk.

Имено најновата одлука на УЕФА вели дека од оваа сезона во плеј – офот ќе има и ВАР – систем. Тоа значи дека нашиот првак ако стигне до оваа фаза, тогаш ќе мора да обезбеди стадион на кој што ќе може да се обезбеди ваков систем со кој им се помага на судиите спорните одлуки да ги пресудуваат по гледањето на ТВ снимките.

Инаку што се однесува до Лигата на Европа, плеј –офот во ова натпреварување и и групната фаза, ВАР – систем ќе има од сезоната 2020/2021.