Ако сте за еден вкусен ручек како од ресторан, подгответе го следниов рецепт

Потребни состојки:

4 парчиња пилешко бело месо

1 лажица растопен путер

Сол бибер

За сосот:

2 лажици путер

1 мал кромид

1 ½ лажица брашно

2 лажици кари

¼ l пилешка супа

4 лажици полномасна павлака

Сол и бибер

1 лажичка сенф (по вкус)

Подготовка:

Пилешките гради испржете ги на путер, премачкани со сол и бибер или уште некој зачин по желба.

За сосот растопете го путерот на средна температура, во поголем сад. Додајте го кромидот и пржете додека не омекне. Додадете го брашното и карито. Постепено мешајте и додавајте ја пилешката супа. На крај додадете ја и павлаката и сенфот. Варете и мешајте додека сосот не се згусне. Зачинете и посолете.

Пилешките стекови може да ги послужите со крцкав компир и да ги прелиете со сосот од кари.