Ако сте сакани, ќе го знаете тоа!

Ако сте сакани, ќе го знаете тоа. Нема да погодувате.

Нема да минувате денови и ноќи прашувајќи се зошто ги нема и дали можеби сте кажале или направиле нешто погрешно. Ако сте сакани, нема да се трудите да се менувате за нив, туку ќе се менувате заедно со нив и ќе уживате во начинот на кој сте почитувани и сакани. Кога сте сакани, лесно можете да го забележите тоа.

Кога сме сакани, ние сме како цвет кој се отвора кон светот, радувајќи се на малите нешта, свесни за тоа дека го имаме тој благослов во животот. Кога сме сакани, не размислуваме премногу, не се плашиме постојано дека можеби ќе ја изгубиме другата личност ако направиме погрешен чекор и немаме бессони ноќи мислејќи кога ќе дојде денот кога ќе бидеме оставени.

Да, сите ние имаме свои искуства, несигурности и трауми, но со вистинската личност, љубовта е како да престојуваме во топол дом. Постојат и подеми и падови, но најмногу од сè веруваме дека тоа можеме да го поминеме. Тогаш знаеме и дека и низ сонце и низ дожд и ветер, ќе надминеме сè што ќе донесе животот бидејќи љубовта не мора да е театрална или филмска, но таа е сила која нè води напред.

Кога сме сакани, не погодуваме. Не се сомневаме во себеси и другите и не плачеме секоја ноќ пред спиење. Кога сме сакани, сме среќни и исполнети и точно го знаеме тоа!