Ако си од Бутел...Мораш да им објасниш на другите дека не си од селото туку од населбата

Оваа скопска населба се наоѓа крајниот северен дел од градот. Бутел е заедничко име за две населби - Бутел I и Бутел II.

Секоја населба во Скопје си има одредена своја одлика и дух. Луѓето  во оваа населба се почитуваат и  дружат меѓу себе, но има неколку карактеристики по кои се разликуваа од останатите скопски маала.

Ако некој видиш со непознат автомобил во движење заедно со своето друштво застанувате на сред улица и дирекно гледате во возачот за да знае каде дошол

Шетањето во маало ти е омилено хоби во животот и ако тренерките ти се основна облека во плакарот

Сите меѓу себе се познаваат, нема шанси некој да не те знае тебе и твоето семејство

Во 7, 12, 20....се слуша камбаната од црквата, а оџата пее во 5 наутро...

Секогаш имаш проблем за да им објасниш на другите дека не си од селото Бутел туку од населбата...

За Бадник е весело се вртат ора иако пола од комшиите се раскарани меѓусебно

Имаш девојка или од Радишани или од населба

Завршуваш средно во Моша (Арсени Јовков)

Седењето во двор  и зборењето преку ограда со комшијата ти е составен дел од секојдневието

Кога не ти се оди во Центар се шеташ по локалните улучки или одиш до пазарчето да си купиш семки и сончоглед од кај Кирпи

Кога правиш зимница сите знаат и тука се да ти помогнат...