Ако се задоволуваме со површни работи, никогаш нема да најдеме подлабока животна смисла...

Збунетоста и предизвиците често нѐ инспирираат да одиме понатаму. Препреките ни помагаат во просветлувањето и потрагата по подлабока животна смисла. 

Ако се задоволуваме со површни работи, ако надворешните околности се секогаш удобни, никогаш нема да одиме подлабоко. Фрустрациите и тешкотиите на кои налетуваме во текот на жовотот треба да ги гледаме како благослови затоа што ни помагаат да станеме посвесни дека постои нешто подлабоко, нешто што е всушност наша цел и наш потенцијал. 

Животот ни ги дава оние искуства кои се најкорисни за еволуција на нашата свест. Ништо не е случајно, сѐ е со некаква намера. Постојано тежнееме кон тоа  да му удоволиме на телото, но ако телото е постојано опуштено и ако постојано лежиме, мускулите ќе атрофираат. Како што на физичкото тело му се потребни предизвици за да се развива, на сличен начин се потребни и предизвици за одржување на нашите умствени, емотивни и духовни димензии во животот. 

Кога животот го гледаме како можност за раст, а не како товар, тогаш ни се отвораат можностите за промена и напредок. 

„Болката е неизбежна, страдањето е опција“.