Ако се препознаете во овие девет карактеристики, во вас лежи вистински лидер

Можете да бидете лидер во разни ситуации: на училиште, на факултет, дома или во некои други животни прилики.

Веројатно веќе сте забележале, без лажна скромност, дека сте успешни во која било улога што сте ја преземале. Дали се во прашање работни обврски, чистење и средување на домот и градината, чување на децата, секогаш, ама баш секогаш го остварувате она што сте го зацртале. Покрај тоа, вие секогаш имате и добри совети, предлози и решенија за вашите најблиски.

Ако поседувате некоја од овие лични карактеристики, тогаш вие сте добар материјал за лидер.

Оригинални сте

Лидерите никогаш не одат по патиштата на другите, туку секогаш имаат некое свое решение и поинакви замисли. Другите за вас велат дека сте креативни и на некој начин визионери.

Имате план

Лидерите секогаш имаат план што ќе прават и како ќе прават. Дури и тогаш кога се чини дека импровизираат, тие всушност однапред ги промислиле сите можни сценарија и се подготвиле за секое од нив, затоа што ништо не смее да ги изненади.

Имате пријатен карактер

Добри лидери се оние кои имаат високо развиена социјална и емотивна интелигенција. Ги разбираат туѓите перспективи и ги прифаќаат туѓите гледишта.

Љубопитни сте

Имате отворен ум, копате, барате одговори на прашањата кои ве мачат сѐ додека не донесете конечен заклучок.

Вредни сте

Без работа нема успех. Луѓето кои секогаш даваат сѐ од себе со својот пример стануваат лидери.

Другите сметаат на вас

Ако луѓето се потпираат на вас, тоа значи дека веруваат во исполнувањето на вашите ветувања, а тоа е она што се бара од лидерите.

Другите го следат вашиот пример

Најмоќниот облик на водство не е убедувањето, аргументот или силата, туку добриот пример. Ако луѓето природно ве следат, очигледно е дека во вас лежи голем лидер.

Страствени сте и полни со самодоверба

Да бидете полни со самодоверба и стравствени значи да не дозволите што било да ви се испречи на патот кон она во што верувате.

Над сѐ, скромни сте

Од сите карактеристики, скромноста е најважна. Лидерите кои ги познаваат своите слаби страни и ранливоста, признаваат дека не се совршени и единствено така можат да ги усовршуваат новите знаења и вештини.