Ако се откажеме од себе, како тогаш би можеле да се поврземе со другите?

Многу често гледаме како некои луѓе, кога ќе влезат во некое друштво, одеднаш се менуваат и почнуваат да ги имитираат оние со кои се дружат. Преку односите со луѓето највеќе учиме за себе и ако го прифатиме ставот дека единствен начин да се чувствуваме добро во врска со себе е тоа да им се допаднеме на другите, па затоа се однесуваме како што мислиме дека тие би сакале, тогаш ја губиме можноста за вистинско поврзување со себеси, затоа што никогаш не сме ни изградиле искрена врска, ниту со себе, ниту со другите. 

Така само работиме да им се допаднеме на другите, а не учиме за себеси преку врските и нашите потреби во нив. Така доаѓа осаменоста, иако имаме луѓе околу себе, не сме во можност да се поврземе, затоа што сакаме да се допаднеме по секоја цена. Неприфаќањето на она што сме, стравот од конфликт, изразување, отфрлување – сето ова го искусуваме кога сме во таква ситуација.

Некој кој се сака себеси и сака да си се допадне сам на себе – може да биде сам и да му биде совршено добро. 

Различноста не е проблем, таа може да биде совршено компатибилна, додека сличноста може да биде целосно некомпатибилна и да се темели на површности. 

Основата секогаш треба да биде љубовта кон себе, тоа треба да бидат нашите темели. Тогаш и разликите и несогласувањата со луѓето ќе ни бидат целосно прифатливи.

Само така и можеме целосно да се поврземе со другите.

Ако се откажеме од она што сме, како тогаш би се поврзале и со другите?