Ако се навикнете на живот полн со љубов, вашата реалност веднаш ќе се промени

Отстранете ги ниските страсти од вашиот живот, отстранете ја омразата, замерките, зависта, стравот, пороците, хранењето со туѓа болка, лагите, амбициите, себичноста, тагата, недовербата, сè што создава лоша енергија и храна за темината.

Бидете свесни за своите чувства и ако во некоја прилика се чувствувате така, промените ја вашата енергија, пуштете ја музиката која ја сакате, пејте, танцувајте, дишете, прегрнете ги вашите домашни миленичиња. Шетајте во природа или во парк, медитирајте, вежбајте, правете го она што ви е потребно за да ја промените лошата енергија, затоа што таа ве храни со лоши работи. 

Секогаш бидете свесни, тоа е најважно, не ги хранете вашите мрачни чувства.

Нахранете ја вашата душа со она што ви помага да се смеете и да љубите, ако се навикнете на живот полн со љубов, тогаш вашата реалност ќе ја промени вашата волја и тоа без некаков напор.

Вие сте несопирливи, вие сте моќни. 

Не се плашете, ослободете го својот ум од таа матрица, насочете го вашето внимание на она што го сакате, но највеќе од сè бидете среќни, смирете се, пејте, танцувајте, сакајте!