Ако сакате март да ви донесе среќа, исфрлете ги овие 5 работи од животот

Дознајте кои се петте основни работи што треба да ги исфрлите од вашиот живот за да ја пронајдете среќата овој месец – ослободете се од негативните работи за да доживеете нешто подобро.

На прагот сме на уште еден нов месец, март – зародиш на нови пролетни почетоци, период на љубовта, топлината, позитивната енергија и позитривните вибрации кои не движат. За да го пречекате овој месец исполнети со среќа и позитивна енергија важно е да се ослободите од се што е негативно и не ви служи, а да оставите простор за откривање на нови таленти и на нови позитивни особини.

Токсична врска – овој март обидете се да се решите од токсичните врски. Не се работи само за љубовните врски, туку и за пријателството. Ако постојано контактирате со личност која ја троши, ја „цица“ вашата енергија, ви ја нарушува самодовербата, ви буди лоши чувства, ви предизвикува чувство на вина и негативност, тогаш е време да се ослободите од неа. Овој март е совршен да ги напуштите врските кои повеќе ви носат негативни емоции отколку позитивни.

Фокус на оптимизам – како што и споменавме, ослободете се од навиките да се фокусирате на нешто лошо и негативно. Пролетта започна и многу е важно да се размислува позитивно, важно е да вежбаме оптимизам. Вистина е дека не оди се во животот онака како што сакаме, но тоа не значи дека треба да очајуваме или да се грижиме.

Имајте желба да бидете оптимисти, насочете ги мислите кон позитивно и ситуацијата лесно може да се „преврти“ во подобра насока.

Погрешно поставени приоритети – во март 2023 обидете се своите мисли и акции да ги насочите кон постигнување најдобри резултати во областите кои ги сметате за најважни. Јасно одредете ги приоритетите, направете ги првите чекори и секојдневно ќе станувате сѐ поблиски кон саканиот сон.

Оговарање – прво, ослободете се од самата желба за оговарање. Обидете се да се фокусирате на нешто поважно во комуникацијата со другите луѓе. Зборувањето за другите зад грб е токсична и негативна навика која лошо влијае на вас и на вашата енергија, како и на односите со другите.  Доколку некој започне да зборува за другите и туѓиот живот, јасно истакнете дека сакате комуникацијата да оди во друга насока.

Желба да се споредувате со други – во март многу наши желби ќе добијат зелено светло. Доколку се посветите на себе, наместо да се споредувате со другите можете многу повеќе да постигнете.  Споредувањето со другите носи намалена самодоверба, жалење, завист и бројни саботирачки мисли и чувства. Сконцентрирајте се на себе и на својот развој, единствена личност со која треба да се споредите сте единствено вие самите. Дали се трудите да станете подобри од вчера?