Ако сакате да живеете добро, обрнете внимание на овие работи

Ова е добро проверен принцип кој може да се следи, а главната цел е да посакувате да живеете добро. Освен физичкото здравје, морате да водите сметка и за менталното здравје и душевната состојба.

  1. Не поставувајте си нереални задачи. Вашите цели нека бидат лесно остварливи или умерено тешки. Само така ќе можете да се мотивирате себеси.

  2. Ако во моментот не ви оди најдобро, не ги обвинувајте другите или лошата среќа. Едноставно обидете се да се промените за да ја промените својата судбина. Но, имајте на ум дека сите работи во животот имаат рок на трање, па така и лошите и тешки периоди.

  3. Не се мешајте во туѓите животи, едноставно оставете ги другите да си ги тераат своите работи и да водат сметка за себе. Посветете се на својот живот, наместо на туѓите.

  4. Научете да простувате, тоа значи дека ќе ја отфрлите лошата енергија, како и лошите мисли и желби. Отфрлете го она што не ви носи добро. И кога ќе простите, не морате да заборавите. Едноставно, лошите работи нека бидат дел од минатото.

  5. Бидете искрени – тоа е лековито. Кон другите, но најмногу кон себе. 

  6. Не бидете завидни или љубоморни – грижете се за својот живот и едноставно не им завидувајте на другите, затоа што никогаш не знаете што се случува во туѓиот живот. 

  7. Не очекувајте признание од другите – она што го правите, правете го за себе.

  8. Ако нешто не можете да промените – прифатете го тоа!

  9. Научете да се опуштате, правете ги работите што им годат на вашето тело и ум.

  10. Паметно распоредете го своето време: 60% за работа, 10% за одмарање, 10% за забава и 20% за што и да ви падне на ум.

  11. Запомнете дека во животот сè се враќа: и добро и лошо!