Ако сакате да освоите некого, само пријдете им и тивко направете го овој трик...

Сакате суптилно да заведете некого со неколку зборови? Само напред, но не заборавајте дека освен содржината на приказната, важен е и начинот на кој ќе пријдете. Марко Буразор, експерт за невербална комуникација, вели дека шепотот на лево уво е патот до срцето.

Тој вели: „Запомнете го тоа „лево“, затоа што ако некому шепотите на неговото десно уво, ефектот ќе биде сосема поинаков. Кога сакате некого да привлечете и заинтересирате за себе, треба да му пријдете такашто вашите усни ќе бидат во близина на неговото лево уво, а тоа ќе ја скокотне неговата фантазија, ќе го разнежни и ќе покрене некои центри во неговиот мозок. “

Истовремено вашата десна рака ќе биде слободно и ќе можете да ја искористите такашто суптилно, за време на разговорот, ќе го допрете соговорникот. Доколку со некого водите професионален разговор или сакате да го држите на растојание, тогаш страните се менуваат – зборувајте им на десната страна, во близина на десното уво. Со тоа ќе ставите до знаење дека вашите намери се оперирани од емоционалното или дека се чисто професионални. Тоа се тие мали мудрости кои можат да имаат голема корист.

Научникот Роџер Спери објаснува дека правилото е просто, затоа што десната хемисфера на мозокот ги контролира мускулите на левата страна, а левата ги управува мускулите од десната страна. Па така, кога намигнувате со десното око, тогаш левата страна од мозокот е во погон, а кога некој ќе ви го допре левото уво, тогаш ја покренува десната страна на мозокот.

Роџер објаснува: „Токму десната хемисфера е одговорна за чувствата, интуицијата и препознавањето лица, додека левата е задолжена за наука и логика.“