Ако сакате да направите нешто – одете до крај

Ако сакате да направите нешто – одете до крај. Во спротивно, не ни почнувајте.
Тоа би можело да значи дека ќе ја изгубите девојката, жената, роднини, работи, а можеби и главата!
Би можело да значи дека нема да јадете два или три, четири денови.
Би можело да значи дека ќе смрзнувате на клупа во парк
Би можело да ви донесе затвор, омаловажување и исмевање, или изолација...
Изолацијата е подарок, сѐ останато е тест за вашата издржливост, за вашата желба навистина да го правите тоа!
А вие ќе успеете.
Наспроти одбивањата и слабите шанси и ќе биде подобро отколку што можете да замислите.
Ако се обидувате – одете до крај!
Нема чувство кое е слично на тоа, ќе бидете сами со боговите, а навечер ќе пламнувате во оган.
Ќе го јавате животот до совршената насмевка.
И тоа е единствената борба која вреди!

Чарлс Буковски