Ако сакаше да биде со тебе, ќе беше сега со тебе...

Тоа е нешто што е тешко да се прифати. Но, вистината ќе го излечи вашето срце многу побрзо отколку едноставно да го оставате одново и одново да се крши, сè додека конечно не се соочите со она што цело време секако сте го знаеле: Ако сакал да биде со вас – ќе беше со вас...

Постојат милион можни сценарија. Полесно е кога е партнерот лош: себичен, сосредоточен само на себе, ако ве користел за да направи некоја љубоморна, ако ве користел, ако се однесувал лошо кон вас, и слично. Но, многу е потешко кога се работи за добра личност, а вие секако морате да се збогувате. Кога партнерот вели дека сте неверојатна личност, но дека тој едноставно не го чувствува истото што и вие. Или дека ве сака, но не мисли дека сте вистинската личност за него. Или едноставно кога ги нема истите чувства со тој интензитет и сака да биде искрен. Или кога не може да се одлучи затоа што неговиот ум е збунет, а чувствата измешани, тоа само кажува дека се плаши да ве повреди. Тоа чувство на збунетост е само помек начин да ви каже „не“. 

Ако некој сака да биде со вас, не би бил неодучен. Тоа би бил само одговор кој длабоко би го чувствувал во себе. Но, без оглед на тоа дали се работи за прекрасен човек или лош човек или нешто помеѓу, тука се работи за вас и морате да продолжите понатаму. Без оглед на ситуацијата, без оглед на тоа колку добро се однесува или колку добро сте се забавувале, тој не сака да биде со вас. И тоа е вистината. И тоа ќе ве мачи во следните неколку недели или месеци, без оглед на тоа колку не ви се допаѓа тоа. Единствената работа која би можела да ви помогне да продолжите понатаму е грдата вистина: Ако сакал да биде со вас – тој ќе беше сега со вас. 

Лесно е да се обидете да го ублажите ударот. Нему му треба време или простор или има страв од обврски и само е потребно да го убедам и да го смирам. Но, размислете за тоа што чувствувате за него. Како едноставно течат тие чувства. Вие не треба да го доведувате во прашање тоа дали треба да бидете со него, затоа што тоа се чувствува во душата. Дури и ако се плашите од обврски и повредување или се плашите да се отворите, сепак сте подготвени да го направите тоа, затоа што вашето срце веќе донело одлука. Сакате да бидете со него – и ќе бидете. Едноставна е таа одлука. Тоа всушност не е ни одлука. Можете ли сега да замислите како ги чувствувате истите работи, но одбирате да не бидете со него?

Затоа вашето срце е скршено. Затоа што другата страна не ја чувствува таа работа. Тој не ја чувствува истата сигурност како и вие, длабоко во себе. И тоа не можете да го промените, не можете да се поправите, затоа што не сте направиле ништо погрешно. Тоа е вистината. Неговото срце не донела одлука, неговото срце е на друго место. А вие треба само да го прифатите тоа, Можеби ќе ви требаат неколку недели, можеби неколку месеци. Можеби и подолго. Ќе боли, понекогаш ќе биде страшно, на крај ќе биде добро. 

Добрата страна на сето ова е следното: Можете да дозволите вашето срце еднаш да се скрши – наместо да се крши одново и одново, уверувајќи се себеси дека тој погрешил или дека сигурно му недостасувате па треба да му се јавите. 

Сакајте се себеси доволно за да бидете строги кон себе и кажете на глас:

Ако сакаше да биде со мене, тој ќе беше сега со мене...