Ако работите за празник ви следува празнична дневница, а ако не ја добиете, работодавачот може да добие казна

Во Македонија има голем број на празници, но сепак, голем дел од вработените во приватниот сектор, особено во малите фирми се на своите работни места како и вообичаено.

Во случај работодавачот да наложи да бидете на работа должен е тоа да го пријави во Трудовата инспекција и да ви исплати празнична дневница.

Законот предвидува дека за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и платата за поминати часови на работа, зголемена за 50 отсто.

Ако при контрола од страна на трудовиот инспекторат е утврдено дека ваква дневница не била исплатена тогаш следи казна за работодавачот која може да биде во висина од 3.000 до 4.000 евра.