Ако планирате одмор во Грција: Скокнаа цените, кафето и пијалаците поскапи од лани

Иако цените останаа повеќе или помалку исти како минатата година, цените на кафето и пијалаците се во просек за околу 1 евро повисоки отколку во 2018 година, според српски „Телеграф“.

Во Олимпискиот регион половина литар домашно грчко пиво чини во просек околу 3,5 евра, а увозните до 4,75 евра.

Слични се цените и на Халкидики. Во Сарти лежалките ќе ги добиете бесплатно, но со најмалку еден испиен пијалак, главно кафе кое чини 4 евра или пиво од 3 до 5 евра.

Во Неа Мармарас, цените се малку повисоки отколку во останатиот дел од Халкидики, па грчко фрапе (кафе) ќе ве чини 3 евра, а мало пиво дури 5 евра.

Во најстарото село во Ситонија, Никити е можеби и најевтино кога зборуваме за Халкидики, така што кафето не надминува 2,5 евра со лежалка, а пивото е до 4 евра. Сендвичите и сувлакито чинат од 2,5 до 4 евра.

Што се однесува до водата, шишенце од половина литар чини 50 центи, а она од еден литар од 1,5 до 1,7 евра.

Цените во рестораните, исто така, се поскапи за 1,5 евро и споредба со податоците од 2017 година, па така за оброк во просечен ресторан ќе платите најмалку 8 евра. Што се однесува до цените на уличната храна, тие не се разликуваат многу во цела Грција – 2,5 евра гиро, сувлаки 2,90 евра, тиропита 2,5 евра итн.

Во места каде што се плаќаат лежалки цената е обично 5 евра за лежалка(северна Грција и островите Додеканези), додека на Кикладите изнајмувањето лежалки за плажа е многу скапо, и се движи до 120 евра во Миконос.