Ако планирате одмор во Грција - на граница се чека и по два часа, гужва од автомобили и автобуси

Бројот на луѓе кои ја посетиле Грција на копно минатата година изнесуваа 8,3 милиони, што претставува повеќе од 30 проценти од сите туристички посети во земјата.

Според анкетата спроведена од Институтот за грчкиот туризам патувањата минатата година им донеле 14,63 милијарди евра, околу 2 милијарди евра од нив “пристигнале” во Грција со автомобил.

Предноста на туристите со автомобил е дека тие можат да изберат или да менуваат дестинација во последната минута, без да плаќаат казнени такси, како во случајот со авионските билети.

Шесте најголеми туристички пазари по копно за Грција, се од земјите на Балканот како што е Македонија, Србија, Романија, Бугарија, Турција, Албанија, како и Полска.

Овие седум земји учествуваат со 13,8% од приходите од туризмот во 2017 година.

Годинава цените на грчките хотели значително се зголемени споредено во однос на претходната година, главно поради зголемувањето на даноците.

Така сега цените во најпопуларните дестинации, Санторини и Миконос, се најскапите во Средоземното Море, особено во споредба со Шпанија и Италија. Во мај цените за одмор во Миконос, Санторини, Ибица и Сардинија покажаа зголемување во сите категории.

Сепак, повисоките цени се однесуваат на грчките дестинации.

Во категориите на хотели со 1-4 ѕвезди, цените во Грција се повисоки, додека Санторини е на врвот во категоријата со пет ѕвезди.

Зголемен интензитетот на сообраќајот на Евзони, но и во земјава

Со стартот на официјалната сезона на грчко македонската граница, на граничниот премин Евзони за излез од Грција се чека И по повеке од два часа.

На границата се формирани неколку колони возила од кои најмногу се со македонски и српски регистарски таблички. Забележливи се и туристи од Босна и Херцеговина, Романија и Унгарија кои денеска заминуваат од Грција.

На грчката граница, заедно со припадниците на грчката полиција, забележливи се и припадници на Еулекс кои ја мониторираат работата на грчките колеги, но од време на време и тие проверуваат пасоши на некои од луѓето кои ја напуштаат Грција.

За разлика од Евзони, на македонскиот дел од границата, на граничниот премин Богородица, нема подолго чекање.
Сепак, интензитетот на сообраќајот е зголемен особено на автопатот Е-75 кој води кон српската граница. На патарините засега нема подолго задржување, но според бројот на возилата кои сообраќаат, можно е формирање колони.