Ако патувате во странство со автомобил, еве кои документи ви се потребни

Ако планирате оваа годна да одите на одмор со автомобил, добро проверете си ги документите.

Планирате да тргнете на долгоочекуваниот годишен одмор вие и вашето семејство, со автомобил.

Ве преплавуваат милион прашања: дали ги зедов сите неопходни работи за децата, дали ќе тргнеме на време, дали ќе заспијат за време на патот, дали ќе плачат, што ако се разболат, да не им дува...Го проверувате списокот на потребни работи, прешкртувате сé што сте напишале и здивнувате. Уморни, но конечно подготвени, мислејќи на синото пространство со неодолив мирис, наречено море...

Можеби куферите и пасошите ви се подготвени, мислите дека конечно можете да го започнете патувањето, но, дали ги извадивте сите документи кои ви се потребни кога патувате со автомобил во странство?

Кога патувате надвор од границите на нашата земја со моторно возило потребни ви се следните документи:

-       Меѓународна возачка дозвола

-       Одобрение за управување туѓо моторно возило

-       Зелен картон

-       Патничко осигурување