Ако патувате во Хрватска, имајте ги предвид следниве нови мерки

Хрватска воведува нови мерки кои ќе важат од денес до 15 август, што се однесуваат на прележани и вакцинирани туристи.

Построги мерки се воведуваат во неколку реони, како Дубровничко-неретванска, Сплитско-далматинска, Шибеничко-книнска, Задарска, Приморско-горанска и Истарска жупанија. 

На јавни настани до 1000 посетители може да присуствуваат доколку сите имаат сертификат за прележан ковид-19 или за две дози вакцина, во спротивно е ограничено на 50 посетители. 

На приватни свечености може да има најмногу 15 лица. Саемите и спортските настани може да се посетат само со сертификат за вакцинација. 

Од денеска, може да се посети Хрватска со сертификат за прележан ковид-19 не постат од 270 денови. Претходно, мерката гласеше дека не треба да биде постар од 210 денови. 

Патници од Занзибар треба да останат во 14-дневна изолација дури и со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа. Патници од земјите како Велика Британија, Кипар и Русија можат да патуваат во Хрватска со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или антигенски, не постар од 48 часа. 

За сите останати земји важи влегувањето со сертификат за прележан ковид-19 или за примени две дози вакцина.