Ако патувате кон Србија ова треба да го знаете: Од утре нови цени на патарините

ЈП „Путеви Србије“ ја информираше јавноста дека со Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за висината на посебната такса за користење на јавниот пат, неговиот дел и патниот објект – патарина, е извршено усогласување на девизниот ценовник за патарина со важечкиот курс на еврото.

Новиот ценовник почнува да важи од утре или од 15 септември.

Врз основа на новата одлука, тековниот девизен ценовник се пресметува според курсната листа бр.173 од 10.9.2018 година и средниот курс на еврото од 118,2951 динари.

Новата одлука исто така го дефинира заокружувањето на цените во евра, така што вредноста од: 0,01-0,49 е заокружена на 0,50 евра и од 0,51 до 0,99 на 1,00 евра.