Ако пандемијата ви ја „убива“ желбата за секс, експертите имаат решение

Најновите истражувања покажуваат дека не само членовите на постарата генерација, туку и помладите, имаат многу помалку секс отколку пред избувнувањето на пандемијата.

Некои од објаснувањата кои ги кажале испитаниците на бројни истражувања спроведени ширум светот, се депресија, грижа за иднината и целокупното чувство на летаргија, дека „ништо повеќе нема смисла“ … Како што беше утврдено, овој феномен е позабележителен кај мажите отколку кај жените. Што се смени? Дали сè уште посакувате страст и љубов како што тоа било некогаш?

„Веројатно не“, вели американскиот сексолог Џејмс Меконахи. „Пандемијата го смени светот и не смени сите нас. Моравме да ги запознаеме оние досега непознати страни на нашите личности. Моравме да се навикнеме на анксиозност, несигурност и сомнеж, а многумина се чувствуваа осамени и изолирани од светот“.

Откако ќе прифатите дека животот каков што досега биле се превртел „наопаку“, ќе се чувствувате подобро, полесно ќе ви биде да ја прифатите оваа веќе познатата „нова нормалност“.

„Може да ви помогне да разберете што се случува сега. Некои од нас не се враќаат на нашите стари животи и нивното старо „јас““, вели д-р Ангарад Раткин.

„Ние доживуваме глобална траума која влијае на нас на секое ниво, од социјално, преку деловно и економско, па сè до лично, односно емотивно“.

Кога сте во врска, сексот е еден од начините да се воспостави длабока врска со партнерот, но и да ги „срушите“ сопствените sидови. Тоа не се смени ниту за време на пандемијата, посочуваат експертите.

Решение? Наместо да се грижите за иднината, фокусирајте се на „овде и сега“!

Еден од начините за враќање на интимноста со партнерот е да ја „вклучите вашата фантазија“ и да ја гледате целата оваа ситуација како патување, авантура надвор од стандардите на вообичаениот живот и рутина. Ова е само привремено сега, а вашиот партнер е некој кој ќе ги реализира сите ваши фантазии пред да се вратите во „нормален“ живот.

„Престанете да гледате наназад и д размислувате за тоа што порано било или што би можело да биде. Живејте „овде и сега“. Ако веќе имате партнер, уживајте како ‘утре да не постои’ ‘, советуваат експертите.