Ако општина Чаир го отстрани надвозникот, ќе обележиме пешачки на Бит пазар

Надвозникот кај Бит пазар веќе години наназад е речиси неискористен. Граѓаните на оваа локација, која заради пазарот и комплексот универзитетеи е многу фреквентна, секојдневно го минуваат булеварот на необележано место за пешаци. Тие буквално претрчуваат преку фрекфентната сообраќајница, а за ситуацијата е запознаен и градоначалникот Шилегов кој вели се додека е таму надвозникот, нема опција да се обележи пешачки премин.

- Станува збор за проблоематика што треба да ја решиме со општина Чаир, бидејжи се јавува како договорен орган во јавно приватно партнерство во една од фирмите која што го донира пешачкиот мост. За жал, мостот е неупотреблив, а Градот од друга страна нема ниту законска можност, ниту обврска да интервенира бидејќи не станува збор за наша инвестиција. Јас побарав на мостот да му биде поправена инсталацијата за да можат граѓаните да го употребуваат, или општина Чаир да ми даде согласност дека го затвора за да можеме таму да нацртаме пешачки премин. Се надевам дека наскоро ќе добиеме одговор од општина Чаир, рече Шилегов.