Ако неодамна сте раскинале врска, ова е совршен текст за вас...

Раскинувањата се тешки. Човек заборава сѐ додека не раскине одново. Само сакате да спиете и плачете. Имате чувство дека срцето буквално ви се крши. Имате камен на градите. Не сакате да помирисаш храна, ви се лоши кога ќе ви текне на него или на спомените кои заедно сте ги создавале. Истовремено размислувате за минатото и иднината. Сѐ што сте мислеле дека имате, станува едно големо ништо. Немате енергија за да станете од кревет. Кога се туширате, водата ве охрабрува да плачете уште повеќе. 

Кога некој ќе ве праша како сте, долго ви треба додека да смислите одговор за да не откриете како се чувствувате. Лажете и продолжувате по својот пат, едвај воздржувајќи се да не заплачете. Живеете во магла, се обидувате да функционирате и да не плачете на работа. Раскинувањата се ужасни. 

Многу ни е жал што можете да се поистоветите со напишаното. Никому не ги посакуваме овие чувства. Заедно мора да веруваме дека постои друга страна и дека еден ден, спомнувањето на нивното име нема да ви го распарчува срцето.

Кога раскинувањето е свежо, тешко е да се видат позитивните страни, но полесно е кога имате утешни зборови. Пронајдовме неколку мотивациски цитати кои можеби ќе ви помогнат полесно да се носите со раскинувањето.

  1. Похрабри сте отколку што верувате, посилни отколку што тоа изгледа и попаметни отколку што мислите.

  2. Неверојатно е – срцето не произведува никаков звук додека се крши.

  3. Секој сака да се заљуби. Но, верувам дека повеќето луѓе се заљубени во идејата за љубовта. Кога гледате однадвор, сѐ е прекрасно. Одвнатре е застрашувачки, затоа што може да ти го преземе животот. Љубовта истовремено е најсилното, но и најмрачното чувство. Заради неа може да чувствуваш како да лебдиш во воздухот, но за помалку од минута може да те тресне од земја. 

  4. Болката ги менува луѓето, заради болката луѓето помалку веруваат, премногу размислуваат и исклучуваат луѓе од својот живот.

  5. Животот е суров кон оние кои имаат добро помнење и нежно срце.

  6. Не дозволувај приоритет да ти бидат луѓе за кои ти си само алтернатива. 

  7. Штета е кога девојката која верувала во бајки и магија, почнува да се бори со демоните во својот ум и се плаши дека никогаш нема да биде сакана. 

  8. Како се чувствував кога го изгубив? Како одново да се збогував со секоја личност во мојот живот – истовремено.

  9. Никогаш не се доведувајте во ситуација во која ќе се сомневате колку сте важни во животот на другите.

  10. Некогаш не ни е судено да преболиме некого и едноставно мораме да го продолжиме животот малку попразен отколку што бил претходно.

  11. Дното кое го допрев стана цврст темел врз кој го изградив својот живот.

  12. Најлошо е чувството кога сакаш да плачеш, а мораш да се воздржуваш, затоа што си во јавност.

  13. Таа посакуваше нешто понакво, нешто повеќе. Страст и романтика. Или можеби тивки разговори во соба полна со свеќи. Или можеби нешто сосема едноставна – да не биде некаква замена.

  14. Не сакаме меѓусебно да се повредуваме, но тоа го правиме. Можеби не е ни важно колку сме вистинки едни за други, секогаш ќе бидеме малку погрешни.

  15. Ти беше доволна за него, дури и премногу, можеби нему му е потребно нешто помалку, а тебе нешто повеќе. 

  16. Велат дека најзначајните моменти не ги препознаваме додека се случуваат, дека сме задоволни со луѓето, работите и идеите и дека ги земаме здраво за готово. И кога сето тоа ќе ни го одземат, сфаќаме колку не сме биле во право, колку навистина ги сакаме.

  17. Сакам да бидам среќна, но нешто во мене вреска и ми вели дека не го заслужувам тоа.

  18. Научив дека без оглед на тоа колку ти било скршено срцето, светот нема да запре заради твојата тага.  

  19. Една од најхраврите одлуки кои можеш да ги донесеш е конечно да се ослободиш од она што ти ги поттиснува срцето и душата.

  20. Помеѓу она што се кажува, а не се мисли и она што се мисли, а не се кажува – тука најмногу се губи љубовта. 

  21. Ме боли. Не знам точно каде ме боли – но, тоа е таа тапа и досадна болка во душата. 

  22. Бидете внимателни со зборовите. Во 10 секунди можете да кажете нешто непромислено, а после 10 години уште да ги чувствувате последиците. 

  23. Не постои поголема агонија од носење на неискажана приказна во себе.