Ако некој е посреќен без вас...

Ако некој е посреќен, поисполнет, порадосен, позадоволен без вас...

Ако некој е поопуштен, помирен, ако се чувствува како да нема ниту една грижа, проблем, нервоза, затоа што вие не сте дел од неговиот живот – тогаш повлечете се...

Не давајте повод за да се зборува за вас како причина за нечиј немир, несреќа или болка.

ЗАМИНЕТЕ.

Кога ќе се фатите себеси како очајно барате нечие внимание. 

ЗАМИНЕТЕ.

Кога ќе се почувствувате отфрлено како да ве фрлил некој покрај патот.

ЗАМИНЕТЕ.

Кога ќе станете товар од кој некој сака да се ослободи.

ЗАМИНЕТЕ.

Кога се плашите дека ќе изгубите некого, затоа што онаму каде што има љубов, тука нема место за страв.

ЗАМИНЕТЕ.

Кога ќе дојдат моменти кога само сакате да се склопчите и да плачете.

ЗАМИНЕТЕ.

Кога боли, а нема повеќе солзи за плачење.

ЗАМИНЕТЕ.

Секојпат кога ќе ви кажат дека сте неважни.

ЗАМИНЕТЕ.

Кога сте свесни дека не можете да поднесете уште едно „Сеедно“.

ЗАМИНЕТЕ.

Кога ќе одлучите дека поради таа личност повеќе никогаш нема да сакате.

ЗАМИНЕТЕ.

Лутајте. Плачете. Скријте се. Но, потоа оживејте, станете, научете ја лекцијата и со гордо крената глава, едноставно

ЗАМИНЕТЕ.

И одете сѐ додека не ја најдете раката која заслужува да ја зграпчите со цела ваша љубов.